Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари објавува повик за учество во дигитална кампања наменета за новинари кои работат во онлајн медиуми како и млади новинари и медиумски работници на возраст од 18 до 35 години на тема почитување на работнички права од страна на сопствениците на медиумите во Македонија.
Цел на повикот
Според последните истражувања на ССНМ, младите новинари и оние кои работат во дигиталните медиуми во земјава најчесто работат со нерегулирани работни договори. Во услови на здравствена и економска криза во последните години, овој проблем се повеќе се појавува на површина, особено во случајот со здравственото осигурување.
Целта на повикот е преку слика и порака да се прикаже како е да се биде новинар во онлајн медиум, млад новинар(к)а или медиумски работник во Северна Македонија и кои се најчестите прекршувања на работничкие права со кои тие се соочуваат.
Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено кога станува збор за младите во фелата, ако се водиме од фактот дека тие се меѓу најслабо платените и најмалку бројни во медиумите.
Кој може да аплицира на повикот?
Повикот е отворен за сите заинтересирани новинари(к)и и медиумски работници од онлајн медиуми и млади новинар(к)и кои имаат и сакаат да раскажат сопствено искуство за прекршување на работнички права, закана, малтретирање, дискриминација, низ фотографија/анимација или видео.
Потребни документи
Заинтересираните треба да испратат една авторска фотографија/гиф/видео проследена со краток текст од најмногу 300 карактери како појаснување на својата дигитална порака.
Апликациите треба да содржат:
- име и презиме на авторот/авторката
- фотографија/анимација/видео
- ворд документ со кратката порака доколку се испраќа фотографија/анимација
Како да се аплицира?
- Апликациите за концепт идеи за медиумски продукти да се испратат по електронски пат на contact@ssnm.org.mk Пријавите во полето „subject“ треба да бидат означени со „ За повик – Сакам фер работни услови!“
- За секоја пристигната пријава ќе биде пратена потврда за прием на истата.
Избор и промоција
Комисија составена од тројца искусни новинар(к)и ќе ги избере седум најкреативни дигитални стории пристигнати на повикот, кои ќе бидат презентирани на социјалните мрежи во онлајн кампања за подигање на свеста за ова прашање како и за отворање на дебата за можните решенија.
Надомест
Висината на парични средства изнесува по 6.150 денари бруто за новинар(ка) кој ќе биде селектиран од страна на тричлената комисија
Рокот за аплицирање : 16. септмеври 2022 до 24ч ЦЕВ.