Осум дена по Вонредното изборно Собрание на Самостојниот синдикат на
новинари и медиумски работници на кое беа избрани шест нови членови на ИО
и претседател со полн мандат, во просториите на ССНМ се одржа и
конститутивна седница на најважното тело во нашата синдикална организација.
Теофил Блажевски како најискусен во овој тим на ССНМ им посака на новите
членови добра работа, успеси, пожртвуваност и исполнети ангажмани со цел
подобрување на состојбата на колегите новинари и медиумски работници, а
претседателот Павле Беловски не ја криеше радоста бидејќи, според него, овој
состав е посакуваниот и дека е уверен дек тој ќе донесе нови позитивни
импулси во Синдикатот.
На седницата членовите на Извршниот одбор разговараа и за начините и насоките на делување на самиот одбор, начинот на комуникација и пресретнување на потребите од дејствување, како и за работата на ССНМ во следниот период.