Претставници од „Синдикатот на новинари и медиумски работници“ на 29 септември остварија работна средба со новинарите од „Радио МОФ“ на тема „Средба за зајакнување на младинскиот ангажман во синдикатите“.
На средбата се дискутираше за начините на кои ангажираноста на младите новинари и медиумските работници во еснафските здруженија на локално, национално и глобално ниво ќе допринесе за збогатување на национални и мултилатерални институции и процеси, како и извлекување лекции за тоа како може значително да се подобри нивната застапеност и вклученост во синдикалното здружување и борба за работничките права.
Ова е прва од средбите посветени на младите новинари и медиумски работници и нивните работнички права.
Овој настан се одржа во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари