Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата за членство“ во партенрство со Меѓунардониот центар „Олаф Палме“, Шведска, денеска одржа средба со со новинари и медиумски работници од ТВ АЛФА.
На средбата дискутираа за состојбата во медиумите, слободата на изразување и други теми кои ги засегаат новинарите.
Адвокатот на ССНМ, Горан Андревски пред претставниците на една од најголемите синидкални групи при Синикатот, објасни на кој начин тие можат да добијат правна помош, каква е процедурата за добивање на истата и кој се придобивките од синдикално здружување.
Понатаму се дискутираше за заштита на ранливите медиумски работници – хонорарци и млади новинари. Тука се најчести договорите на определено кои траат со години, потписи на бланко договори и незаконски откази. Беше објаснете процедурата за пишување приговор.
Присутните на средбата се согласија дека се потребни почести консултации во фелата, утврдување на приоритетните проблеми со цел преземање на соодветни активности.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, а поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме.
Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.
