Тема на оваа публикација на ССНМ е „Психолошките последици кај новинарите од работа во кризни ситуации“, која што е обработена во главниот текст. Понатаму го опфаќаме и синдромот на прегорување кај новинарите, а пренесуваме и совети и искуства за справување со овие проблеми.
Во овој број ќе читате:
- Колегите како „прва помош“ за новинарите во справување со последиците од траума, анализа на Тамара Грнчароска
- Синдром на согорување – модерна болест на медиумските работници, анализа на Теодора Цветковска
- Како новинарите да се грижат за себе и за своите колеги за време на пандемијата?, совети на Хана Сторм од Мрежата за етичко новинарство
- Менталното здравје во редакциите бара повеќе внимание, текст на Џесика Дејвис за www.digiday.com
- Три четвртини од новинарите доживеале стрес поврзан со карантинот, од истражувањето „Новинарството во време на Ковид“
и други текстови и анализи.
Целата публикација тука.
Публикацијата на ССНМ е помогната од Европската Унија, како дел од проектот„Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.