Работна средба на ССНМ со медиумски работници од МРТВ 

Датум

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во четврток (21.04.2022) во Скопје се сретнаа со новинари и медиумски работници од Македонска Радио Телевизија. 

На средбата која беше организирана со цел запознавање со проблемите на колегите во јавниот сервис, како и за вмрежување со цел утврдување на активности кои може да се корисни за подобрување на состојбата и условите во кои работат, но и потребата од синдикално здружување и солидарност во надминување на предизвиците. На средбата се обратија претседателот на ССНМ, Павле Беловски и Трајче Илиевски, снимател од МРТВ. 

Беловски истакна дека е голем напредок, но и одговорност формирањето на синдикална група во МРТВ. Тој исто така ги запозна присутните со активностите и работата на ССНМ. 

„Ни се отвораат можности  поврзани со Законот за работни односи. Вие ќе можете да го штитите секој член на синдикатот во медиумот. Најбитно ни е засега како да го подобриме статусот на вработените, а и на оние што допрва ќе дојдат во јавниот сервис“  рече Беловски.  

Дополнително, се разви дискусија за одговорности и прививилегии на синдикалниот претставник, и кога и како може да се предлага иницијативи за преговари со менаџментот.

Во своето обраќање снимателот Илиевски потенцираше дека е потребно колегите да се сплотени. 

„Веќе долго време разговараме, од нашето искуство знаеме дека за да се функционира добро мора да се сплотиме во МРТВ затоа што маката ни е заедничка, треба да работиме да ни се подобри социо-економската состојба на новинарите и на медиумските работници“ 

Во вториот дел од средбата „Синдикализам и потребата од создавање синдикални групи“ се направи синдикална група и беа избрани двајца синдикални претставници. 

Оваа средба беше организирана во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...