Работна средба на тема: Права и обврски на синдикалците и синдикалниот лидер

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во четврток (01.09.2022) во Скопје одржаа работна средба на тема „Права и обврски на синдикалците и синдикалниот лидер“.

На средбата се дискутираше за тоа што се треба да знае еден синдикален претставник, кои се правата и обврските кои ги носи функцијата и како до појако синдикално делување со цел заштита на работничките права на новинарите и медиумските работници.

Исто така, се разговараше за законoт за работни односи и за тоа што значи потпишување на колективен договор.

„Ние ќе се обидеме до крај на годинава да го зголемиме членството да бидеме репрезентативни пред менаџментот. Прв чекор е да добиеме прием кај раководството со неколку основни барања од генералниот дирекот и советот при МРТВ. Да се обидеме сите колку што можеме да тргнат работите на подобро и да ни се подобрат работничките права“ истакна Јован Лесански, синдикален претставник при МРТВ.  

Во своето обраќање претседател на ССНМ објасни дека организацијата со месеци разговара со синдикалните претставници како да бидеме јасни кратки и да извлечеме неколку конкретни барања до раководството.

Оваа средба беше организирана во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...