Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата за членство“ во партенрство со Меѓунардониот центар „Олаф Палме“, Шведска, денеска одржа средба со новинарите и медиумските работници од Слободен Печат.
На средбата дискутираа за Законот за работни односи, исплата на дневници за недела и празници како и за важноста на преговарање и потпишување на колективен договор.
Во вториот дел од средабата се избираа синдикални претставници. До потреба од нови синдикални лидери дојде поради заминување на колегата Жарко Јордановски од редакцијата на Слободен печат.
Па така, по иницијатива на новинарите и медиумските работници од медиумот со присуство на претставници од ССНМ беа избрани Срѓан Ивановиќ и Елисавета Бејкова, единствените предложени кандидати, едногласно беа изгласани.
Инаку, само оваа година досега вклучувајќи го и “Слободен Печат”, беа избрани синдикални претставници во три медиуми.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, а поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме.Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.