На 12.12.2022 во Центарот Јадро во Скопје се одржа подолго време
планираната обука за членовите на Самостојниот синдикат на новинари и
медиумски работници, а на која М-р Билјана Жеревска и Срѓан Ивановиќ на
учесниците им демонстрираа важни елементи од јавниот настап и начините на
кои треба да се однесуваат при појавувањата во нашите медиуми. Тоа се
однесува, пред се, колегите работат во живо, во ТВ куќите, но од поново време
и во онлајн изданијата и поткастите.
Со извадоци од анализи направени во, и од најголемите медиумски куќи во
светот, но и со трудови на научници од областите новинарство, медиуми и
комуникации, обуката предизвика интерес кај присутните кои дадоа многу
позитивни евалуации на крајот.
Вежбите кои беа практикувани од двоецот Жеревска-Ивановиќ во текот на
тренингот покажаа дека вакви предавања се потребни за новинарите и
медиумските работници.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје