Средба на претставници на ССНМ со медиумски работници во Скопје

Датум

Средбата организирана во Скопје беше дел од проектот Синдикатите за правично закрепнување која се спроведува во партнерство со Европската федерација на новинари содржеше плодна дискусија на присутните. На настанот свои видувања на состојбите во своите медиуми презентираа медиумските работници и новинарите од повеќе медиуми, а меѓу нив доминираа агажираните од Медиумската информативна агенција (МИА).

Ставот, поткрепен со конкретни ситуции, што преовладуваше во дискусиите е дека на присутните во повеќе наврати и по повеќе основи на новинарите и медиумските работници им се кратат правата кои им се загарантирани во Законот за работни односи, а Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници презеде обврска во најскоро време да се обрати до дел од медимите и да го предупреди менаџерските тимови на недоследностите кои се практикуваат.

На средбата е договорено со официјален допис да се предупредат дел од медиумите, во прв ред МИА, да се предржува до актите и до актуелниот колективен договор кој беше потпишан со посредство на ССНМ, и на своите вработени да им обезбеди средства за одработените дополнителни часови, за неделите, хонорарно ангажираните да добијат соодветни решени за работен однос, а и да се покрене иницијатива за израмнување на платите според инфлацијата.

Оваа средба беше организирана во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...