Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вчера остварија средба со вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи. Средбата беше на иницијатива на ССНМ за да се разговара за состојбите во Медиумската информативна агенција (МИА) и генерално за синдикалите теми и проблеми во медиумите.
На средбата беше отворено прашањето за потребата од носење на закон за МИА и за нивелирање на платите на вработените во МИА со платите на вработените во МРТВ, како две медиумски организации кои се финансираат од буџетот на државата. Вицепремиерот Битиќи притоа беше информиран дека во МИА е потпишан Колективен договор како резултат на активностите и заложбите на синдикалната организациија на ССНМ во оваа овој медиум. Вицепремиерот го поздрави потпишувањето на Колективниот договор со став дека сите преземени обврски треба да се почитуваат. На средбата се отвори и темата за надминување на проблемот со немање работни простории на МИА.
Претставниците на ССНМ со вицепремиерот Битиќи разговараа и за синдикалното организирање во медиумите како еден од факторите кои со своето дејствување можат да влијаат на создавање подобра клима и услови за работа на медиумските работници.