Улогата на синдикатот во заштита на спортските новинари беше темата на која се дискутираше на средбата на претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со спортските новинари од Македонија која во петок (16.09.2022) се одржа во Охрид.
Средбата беше дел од проектот „Подигнување на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“ кој Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го спроведува со поддршка на Меѓународниот Центар Олоф Палме.
На средбата беа претставени активностите на ССНМ, како и бенефициите кои им се нудат на членови, како што се правната помош за работнички права, застапување пред работодавач или суд, застапување пред институции и други.
Модератор на средбата беше членката на Извршиот одбор на ССНМ, Тамара Грнчароска која рече дека основната причина за членство во синдикатот се работничките права без кои нема слободни новинари, но и дека здружувањето носи многу поголеми можности, но и шанси за подобрување на состојбите, како во спортското новинарство, така и во медиумите.
Учесниците на средбата поставуваа прашања од областа на работничките права и начините за нивна заштита, притоа забележувајќи дека е потребно и проширување на активностите и на бенефициите кои ги нуди синдикатот.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, а поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме.
Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.