ССНМ во посета на ТВ Клан

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата за членство“ во партенрство со Меѓунардониот центар „Олаф Палме“, Шведска, денеска во просторите на ТВ Клан одржа средба со новинарите и медиумските работници.

Координаторот Перо Моморивски и членката на ИО на ССНМ, Марина Илиевска ги информираа присутните за бенифитите од синдикално организирање во професиијата и тековните и идните активности на ССНМ.

На средбата беше посочено дека многу е важно новинарите и медиумските работници да се обединат, да покажат солидарност, бидејќи заедно сме посилни во одбрана на професијата и професионалните стандарди, како и за почитување на работничките права. Претставниците на ССНМ и присутните ја истакнаа потреба од обуки и тренинзи на медиумските работници, пред се на младите колеги.

Останати
објави

Сподели на...