ССНМ во Тетово со идеи како да се подобрат условите на колегите

Датум

На барање на колегите од Тетово, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на 20 март 2023 година одржа работна средба на која присуствуваа голем број на колеги и синдикални поддржувачи кои отворено зборуваа за премрежијата со кои се соочуваат во извршувањето на своите обврски. Брзо низ разговорите беше констатирано дека состојбата во локалните медиуми е лоша, дека дописничката мрежа е сведена на минимум и дека вкупната бројка на медиумски работници и пред сè, новинари е драстично намалена и е сведена на елементарен минимум.

Колегите од Тетово апелираат, а ССНМ ќе биде искористен како трансмисија, до надлежните органи за поведување сметка за состојбата со оваа професија бидејќи евидентно е дека намалувањето на извршители во медиумите, на постојаното кратење на платите и хонорарите, па и честото непочитување на основните работнички права во гласилата може да има сериозни и далекусежни последици по развојот на слободите и демократијата на овој простор.

Главниот став, а тој беше заеднички и неподелен што произлезе од состанокот на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници со своите членови, но и професионалци кои не се дел од ССНМ е дека засилување на критериумите за добивање лиценци на националните медиумски концесионери особено во делот на задолжително ангажирање на дописници и сниматели или технички персонал од регионите, што е обврска на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги би можело да значи спас на оваа професија на ниво на цела Македонија, па и во Тетово. Затоа од средбата и заедничка заложба тој проект да се промовира и на негова реализација да се работи во следниот период. 

Останати
објави

Сподели на...