Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници одржа средба со
колегите медиумски работници кои во моментов во македонскиот медиумски
простор делуваат како слободни или фриленсери на која тие ги соопштија
своите проблеми, пред се, во однос на регулацијата на нивниот статус во
делот на здравствено и пензиско осигурување, но и во делот на плаќање на
даноци кон државата.
Претставниците на ССНМ презедоа обврска да ги проверат светските искуства
и да ги испитаат можностите во нашите институции, но побара од колегите
фриленсерите кои, пак, сметаат дека се барем неколку десетици да
придонесат со свои идеи за решавање на нивните егзистенциски проблеми.
Прелиминарно е договорено фриленсерите да се вмрежат, да се пребројат, а
патем на тој начин да се дојде и до сознанието кој е слободен медиумски
работник, а кој само по потреба се претставува како фриленсер.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје