ССНМ доби насоки од Младинскиот сојуз за проекти кои им се неопходни на новинарите и медиумските работници

Датум

Самостојниот синдикат на новинари  и медиумски работници на 16.2.2023, во Скопје одржа средба со членовите на Младинскиот синдикален сојуз. На дебатата беа присутни голем број на активисти од медиумите кои на барање на ССНМ ги искажаа своите проекции, желби и потреби за следниот период. Синдикатот и младите новинари и медиумски работници зборуваа за правците во кои треба да се движи организацијата и на кои локации може да им помогне или барем да им ја олесни обврската на луѓето што во моментот се ангажирани во телевизиите, радијата, весниците и онлајн изданијата.

Потребата од почесто и подиректно запознавање со работничките права и Законот за работни односи се наметна како еден од приоритетите што беше образложено со нерегулираните договорни обврски што е чест случај кај луѓето од медиумите. Канцеларијата на ССНМ вети дека во најскоро време ќе ангажира стручњаци од областа и дека ќе одржи предавања на темата.

Дел од барањата на новинарите и медиумските работници се обуки од областа на мултимедијалност за зголемување на конкурентноста кај колегите и потребите на медиумите. На средбата е договорено во брзо време да бидат организирани тренинзи за јавен настап, македонска писменост, дикција, монтажа, камера итн.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници има јасна определба да ги слуша претставниците на Младинскиот сојуз и да ги реализира проектите што се од нивна потреба и во нивна функција.

Останати
објави

Сподели на...