ССНМ и битолските новинари на средба со градоначалничката Петровска

Датум

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на 9 јануари (четврток) заедно со новинари и медиумски работници од Битола се сретнаа со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. На средбата се зборуваше за можностите за подобрување на комуникацијата помеѓу општината и медиумите, можностите за олеснување на работата на новинарите, како и за состојбата во локалните медиуми.

ССНМ ги претстави своите заложби за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници, подвлекувајќи дека без соодветни услови за работа не може да се очекува објективно и професионално новинарство.

Истовремено на средбата беше утврдено дека локалните медиуми и новинари и нивната работа се од големо значење за локалните заедници кои постојано треба да имаат пристап до соодветни, објективни и разноврсни извори на информации.

Беше заклучено дека во моментов локалните медиуми се во незавидна ситуација, пред се од финансиски аспект и дека е потребно изнаоѓање на модел за подобрување на состојбите.

Градоначалничката Петровска рече дека општината е отворена за соработка со медиумите и дека опстојувањето и професионалното работење на локалните медиуми е важен сегмент на развојот на локалната заедница.

 

Останати
објави

Сподели на...