Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на 14 јули 2023 година одржа работна средба со своите членови и со најголем дел од колегите од Битола на која се говореше на актуелни и горливи теми. Условите за извршување на задачите се лоши, вкупната бројка, општо на новинари и медиумски работници се намалува што се должи на потценетоста која најдобро се гледа од платите и хонорарите што ги добиваат колегите од вториот град во земјава.
На средбата на која беа присутни и легенди на македонското нивинарство произлезе иницијатива за вмрежување на сите дописници на медиумите од Македонија. ССНМ презеде обврска да формира работна група која во текот на следните неколку месеци ќе се обиде со луѓето што во другите градови работат во исти услови, да договори заеднички став со кој ќе настапи пред работодавачите во македонските медиуми.
На средбата се говореше и за тековни прашања, како предлогот за менување на законот за аудио и аудиовизуелни-медиумски услуги во делот на внесување на јавни пари во националните ТВ концесионери, за најавената регулација на онлајн просторот и за мапирањето на медиумите што го прави ССНМ.
Средбата беше организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, спроведуван од Самостоен синдикат на новинари и медиумскиработници во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.
Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.