ССНМ на средба во СДК: Најголем проблем авторските права

Датум

Заштита на авторските права на новинарите и фоторепортерите е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат вработените во дигиталната редакција sdk.mk. На средбата на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со новинарите и уредниците одржана во редакцијата на СДК освен за овој проблем беше разговарано и за предизвиците на синдикалното организирање во услови на изумирање на традиционалните медиуми и префрлање  на најголем дел од новинарите на дигитални/онлајн платформи. Со оглед на фактот дека најголем дел од дигиталните редакции се мали по број на вработени, а статусот на дигиталните медиуми е нерегулиран со закон, ССНМ има обврска да се прилагодува на новонастанатата ситуација.

На средбата се дискутираше и за условите во кои работат вработените во СДК, како и за тоа зошто поддршката за ССНМ од овие мали редакции е важна. Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис информираше за активностите на синдикатот, како и за иницијативата за заштита на авторските права која на почетокот на годината беше иницирана со поддршка на фоторепортерите и дека повеќето предупредувања пред тужба кои биле испратени до низа медиуми вродиле со плод и дека сега поретко се посегнува по крадење фотографии.

Потенцирано беше и значењето на почитување на професионалните новинарски стандарди, кодексот на новинари, како и работните права. ССНМ доби поддршка од СДК за иницијативата за саморегулација и за иницијативата за минимум критериуми за онлајн медиумите – објавување на импресум, контакт и адреса на медиумот, прифаќање и почитување на Кодексот на новинарите и регистрација на правен субјект во Македонија.

По средбата, новинарите на СДК потпишаа пристапници за членство и назначија синдикален претставник за контакт со ССНМ.

Останати
објави

Сподели на...