Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска се сретнаа со министерката за труд и социјална политика на која беше разговарано за состојбата со работничките права во медиумската индустрија во Македонија, како и за социјално-економската состојба на новинарите и медиумските работници.
На средбата беше разговарано и за условите во кои работат медиумските работници, за тоа колку се почитуваат нивните работнички права, за проблемите со неисплата на прекувремената работа, за проблемите со обврските на работодавачите во однос на договорите за вработување, за несигурните работни места, како и за можноста за предремено пензионирање.
ССНМ ги претстави своите согледувања и барања за промени во Законот за работни односи кои директно би ја подобриле социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници. Беше договорено комуникацијата и дијалогот да продолжат, како во процесот за изработка на Законот за работни односи, така и за новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување.