ССНМ оствари координативна средба со млади новинари на тема „Средба за зајакнување на младинскиот ангажман во синдикатите“.
За вовед обраќање имаше Перо Момировски, проектен координатор, а за тековните обврски и случувања во рамки на работата на ССНМ говореше Теодора Цветковска, членка на ИО.
На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат младите новинари и медиумските работници уште на почетокот на своите кариери и како да се подобрат нивните работнички права.
Беше потенцирано дека младите новинари мора активно да бидат вклучени во сите тела на „Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници“ и дека од особена важност е придонесот на помладите колеги во фелата и деак тие треба да се активни чинители во донесување на сите одлуки поврзани со правата на новинарите и медиумските работници.
Исто така од страна на претставниците од ССНМ беше објаснето што се треба да знае еден новинар за синдикатот, потребата од членување во истиот, кои се правата и обврските, и како до појако синдикално делување со цел заштита на работничките права на новинарите.
Овој настан се одржа во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.