ССНМ на средба со млади новинари

Датум

Синдикатот на новинари и медиумски работници одржа средба со млади новинари во рамки на летниот камп на ЗНМ и ОБСЕ.

На средбата се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат младите новинари и медиумските работници уште на почетокот на своите кариери и како да се подобрат нивните работнички права.

Беше потенцирано дека младите новинари мора активно да бидат вклучени во сите тела на „Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници“ и дека од особена важност е придонесот на помладите колеги во фелата и деак тие треба да се активни чинители во донесување на сите одлуки поврзани со правата на новинарите и медиумските работници.

Овој настан се одржа во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.

Останати
објави

Сподели на...