Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во Охрид се сретнаа со новинари и медиумски работници од локалните и регионалните медиуми од земјава.
На средбата се дискутираше за локалните медиуми и предизвиците од социјално-економска природа и од професионален карактер со кои се соочуваат дописниците и медиумските работници од внатрешноста.
Перо Момировски, член на ИО на ССНМ во своето обраќање и претстави активностите на ССНМ, како и погодностите за членовите кои се однесуваат пред се на одбрана на работничките права.
Поголем дел од средбата беше посветен дописниците и на низа предизвици од социјално-економска природа како што се договори на определено, ниски плати, хонорарни ангажмани кои не даваат сигурност, но и проблеми од професионален карактер како оневозможување на извржување на работните задачи на терен и друго.
Оваа средба беше организирана во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.