Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници имаа работна средба со сопственикот на националниот радио концесионер Канал 77, Виктор Гаврилов. Од страна на докажано квалитетниот медиум кој трае долго, а и постојано се развива, во оваа прилика беше разговарано, пред се, за потешкотиите со кои се соочуваат радио емитерите во земјава.
Гаврилов на ССНМ му пренесе дека во последниот период се соочува со сложени финансиски проблеми кои се должат на поскапувањето на електричната енергија, на се помалиот маркетиншки колач, на нелојална конкуренција, но и на отсуство на законски акти кои можат да му помогнат на медиумскиот сектор.
Сопственикот на Канал 77 Виктор Гаврилов смета дека во Македонија има премногу радија што влијае на квалитетот особено што тие и не се соодветно екипирани и технички опремени за обврската што ја имаат преземено, и дека во моментов на тој дел од нашиот медиумски простор му е неопходно сеопфатно истражување кое треба да покаже во кој правец треба да се движат македонските радија.
Во заклучотот од средбата ССНМ се понуди да помогне во сите најавени проекти и барања до надлежните од страна на Канал 77 и општо од радијата кои егзистираат во Македонија.