ССНМ на средба со првите луѓе на ТВ ВИС

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамки на кампањата со која се опфатени разговори со сопственици на медиумите на 15 февруари 2023 година во Струмица одржа средба во локалната телевизија ТВ ВИС. Претседателот на ССНМ Павле Беловски и првиот човек на ТВ Вис Димитар Мицев отворија повеќе прашања околу можностите за помош за регионалните медиуми.

Акцент во разговорите беше ставен на Фондот за медиуми кој треба да помогне за преживување на овој, но и сличните медиуми низ земјава, но во исто време ќе помогне и за подигање на квалитетот на програмата. Таа конкурентност што би се постигнала во перспектива ќе помогне во самоодржување на медиумите, но до неа, соодветните институции, во прв ред државата, мора да ги стимулира гласилата.

Беловски и Мицев и нивните тимови констатираа дека состојбите во регионалните медиуми кои се клучен фактор во информирањето на заедницата се влошени во последниот период, дека тие функционираат на раб на егзистенција, а бројот на извршители во нив е сериозно намален, што е недозволиво и како конечен исход ќе има реперкусии и врз програмата што се емитува.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамки на кампањата со која се опфатени разговори со сопственици на медиумите на 15 февруари 2023 година во Струмица одржа средба во локалната телевизија ТВ ВИС. Претседателот на ССНМ Павле Беловски и првиот човек на ТВ Вис Димитар Мицев отворија повеќе прашања околу можностите за помош за регионалните медиуми.

Акцент во разговорите беше ставен на Фондот за медиуми кој треба да помогне за преживување на овој, но и сличните медиуми низ земјава, но во исто време ќе помогне и за подигање на квалитетот на програмата. Таа конкурентност што би се постигнала во перспектива ќе помогне во самоодржување на медиумите, но до неа, соодветните институции, во прв ред државата, мора да ги стимулира гласилата.

Беловски и Мицев констатираа дека состојбите во регионалните медиуми кои се клучен фактор во информирањето на заедницата се влошени во последниот период, дека тие функционираат на раб на егзистенција, а бројот на извршители во нив е сериозно намален, што е недозволиво и како конечен исход ќе има репрекусии и врз програмата што се емитува.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021.

Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...