Основи за понатамошна соработка беа поставени на средбата на претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со раководството и новинарите на 360 степени. На средбата во просториите на 360 степени беше разговарано за важноста на значењето на медиуми како општествено одговорни компании, новинарските стандарди, етичкиот кодекс, како и работничките права, како главен предуслов за медиумите да може да функционираат и да ја извршуваат својата основна задача како чувари на јавното добро.
ССНМ информира за воспоставувањето на наградата за општествено одговорни медиуми и го нагласи критериумот за односот кон вработените како еден од столбовите за привлекување и задржување квалитетни и професионални новинари и медиумски работници.
На средбата беше разгледана и можноста за отпочнување на преговори за евентуално потпишување на колективен договор, со оглед на тоа што 360 степени се еден од ретките медиуми не се проблематизираат основните работни права предвидени со Законот за работни односи.
Оваа средба беше оддржава во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.