Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во хотелот Термал во Долно Косоврасти, Дебар ја одржува обука со наслов “Кои се моите работнички права“ како дел од проектот “Подигање на свеста за работничките права и проширување на мрежата на членство“ кој, пак, е поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме.
Во дводневната програма исполнета со три сесии учествуваа 22 новинари и медиумски работници од 15 наши медиумски куќи, а обидот за разновиден пристап од областа работнички права како предавачи ги нуди адвокатот Горан Андревски, професорот Здравко Савевски и првиот човек на Гласен текстилец Кристина Ампева.
Темите за првиот ден на настанот беа “Законската регулатива и најчести прекршувања на правата на вработените во медиумите“ и “Силата на Синдикатот низ регрутација и организација на овој вид на здружување“, како и “Стратегии за мобилизација на членство и придобивки од омасовувањето“.
За вториот дел од работилницата беа предвидени предавања и дискусија на тема “Нетипични вработувања-причини и последици“ и “Штитење на работничките права преку институциите“.