ССНМ работилница за работнички права на новинари и медиумски работници

Датум

Претставници од ССНМ одржаа работилница со студенти по новинарство на тема „Работилница за работнички права на новинари и медиумски работници

За вовед обраќање имаше Павле Беловски, претседател на ССНМ, а за тековните обврски и случувања во рамки на работата на ССНМ говореше Перо Момировски.

На предвањето професорката Јасна Бачовска заедно со Дарко Дуридански, проектен координатор во ССНМ на студентите им беше објаснето зошто во фелата ни е потребен синдикат кој се грижи за работничките права на новинарите на што да внимаваат при првите ангажмани и вработувања.

Во таа насока им беше потенцирано со какви се проблеми секојдневно се соочуваат нивните колеги кои се во работен однос, почнувајќи од договори на определено, неплатен труд, неисплатени додатоци на плата за недела неработен ден и за празници.

На работилницата беше објаснето и како студентите да станат членови на ССНМ  и кои се бенефициите од членувањето.

Студентите беа запознаени со следните активности на синдикатот и поканети да членуваат во групите на социјалните мрежи, но и да се пријавуваат на обуките кои пред с се наменети за млади новинари и студенти по новинарство.

Овој настан се одржа во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари

Останати
објави

Сподели на...