ССНМ со крводарителска акција за 3 мај, денот на Слободата на медиумите

Датум

По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира доброволно дарување крв.

За таа цел, ССНМ ги повикува сите свои членови, новинари, медиумски работници, но и крводарители да се приклучат на хуманата акција.

Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на Црвениот крст во Скопје на 03.05.2023 (улица: 11 Октомври 42а, 1000 Скопје, Македонија).

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во 11 часот ќе дадат изјава по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, а достапни за изјава ќе бидат и претставници на Црвениот крст на град Скопје во периодот во кој што ќе се одвива акцијата.

Останати
објави

Сподели на...