ССНМ – Тренинг за работнички права и техники за регрутирање на членство

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници одржа тренинг за работнички права и техники на регрутирање. Новинарите и медиумски работници ги надополнија своите знаења за правата од работен однос, заедно со правниот тим на ССНМ.

Во првиот дел од обуката адвокатот Горан Андревски се осврна на Законот за работни односи и одбрана на правата на новинарите во променливи работни односи и услови.

Понатаму во втората сесија се дискутираше за заштита на ранливите медиумски работници – млади новинар(к)и и  хонорарци. Тука се најчести договорите на определено кои траат со години, потписи на бланко договори и незаконски откази. Беше објаснете процедурата за пишување приговор, кога да се побара првна помош.

Учесниците на обуката го покренаа прашањето за постапување при мобинг, справување со истото и кои се правните алтки кои може да се преземат за заштита на медиумскиот работник. Понатаму, се разговараше за злоупотреби при систематизација, користење на годишни одмори итн.

Овај тренинг беше организирана во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување“ спроведуван во партнерство со Европската федерација на новинари, а поддржан од Европската програма за вработување и социјални иновации “EASI” 2014-2021. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...