Кампања: Новинарите се #Неопходниработници

Датум

За време на здравствената криза, новинарите имаат клучна улога. Кога на повеќето од нас им се препорачува да седат дома, тие се нашите очи и уши на терен, носејќи ни проверени и точни информации. Сепак, во некои европски земји новинарите се уште не се сметаат за неопходни работници што ја отежнува нивната работа. Европската федерација на новинари (ЕФН), во партнерство со своите членки во Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција започна кампања на социјалните медиуми за кревање на свесноста за потребата новинарите да бидат сметани за неопходни работници.

Пандемијата со Ковид-19 во регионот за многу новинари значеше подолго работно време, помали плати, ограничување на патувањата, недостаток на заштитна опрена и здравствено осигурување што уште повеќе ги изложуваше на вирусот. Додека некои влади решија да ги катергоризираат новинарите како неопходни работници, заедно со здравствените и социјалните работници, учителите, прехранбената индустрија, други не направија ништо во таа насока. Статусот на „неопходни работници“ на новинарите им дава пристап до некои бенефиции како што слобода на движење, платено боледување, заштитна опрема, финансиска компензација и слично.

Новинарите се клучни како за здравјето и безбедноста на популацијата така и за демократијата. Тие го ризикуваат своето здравје за да не информираат. Со оваа кампања, новинарските синдикат и здруженија не потсетуваат дека зад екраните на луѓето и зад информациите кои ги листаме повеќе пати на ден, новинарите и медиумските работници работат напорно во тешки услови за да ја информираат јавноста на најдобар можен начин.

Генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез ги повика сите европски влади да ги прогласат новинарите за неопходни работници и да им овозможат соодветна компензација:

„Новинарите беа клучни во одговорот на властите на Ковид-10. Тие потврдуваа информации, бараа одговорност од функционерите, истражуваа многу аспекти на пандемијата, интервјуираа експерти. Информативните медиуми станаа суштествен јавен сервис кој искуси огромно зголемување на восприемање на вести. Ова мора некако да биде адресирано“.

Оваа кампања е координирана од Европската федерација на новинари во рамки проектот на УНЕСКО „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и во Турција“ финансиран од ЕУ во партнерство со членките на ЕФН од Албанија (АПЈА), Босна и Херцеговина (БХ новинари), Косово (АЈК), Црна Гора (СМЦГ), Македонија (ССНМ), Србија (СИНОС и НУНС) и Турција (ТГС).

 

Останати
објави

Сподели на...