Крводарителска акција на ССНМ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на 2 мај 2024 година Ве поканува на крводарителска акција со која ќе го одбележиме 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата во која може и пожелно е да учествуваат сите колеги ќе се одвива координирано на неколку локации во земјава.

На 2 мај 2024 година, во терминот од 08:00 до 14:00 часот драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“), а во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар Битола, во Општата болница во Струмица и во Клиничкиот центар во Штип крв ќе може да се дарува од 09:00 до 14:00 часот.

Крводарителската акција, која ја организираме втора година по ред, се одржува во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и со поддршка на Црвен крст на град Скопје. Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција Ве молиме да се пријавите на електронската пошта на ССНМ – ssnm.info@gmail.com.

Останати
објави

Сподели на...