MAAA и ССНМ потпишаа меморандум за соработка

Датум

Претседателот на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Павле Беловски и претседателката на Македонско-американската алумни асоцијација, Верица Јордановска потпишаа договор за меѓусебна соработка, повремена координација за своето работење како и заедничка поддршка за непречено, навремено и ефикасно спроведување на своите активности во согласност со стратешките цели и стратешките планови на двете организации.

 

 

ССНМ и МААА во периодот кој следи ќе бидат посветени на заедничка соработка и тоа конкретно на:

– вмрежување на новинар(к)ите од Република Северна Македонија кои биле на програми за размена и едукација во Соединетите Американски Држави

– иницирање заеднички активности и соработка од областа на медиумите, новинарството, информациите и останати сродни дејности значајни за новинар(к)ите

– поголема вклученост и иницирање за заеднички проекти кои произлегуваат од програмите за размена и едукација на Соединетите Американски Држави

– можност за воспоставување редовна комуникација со експертите кои се членови на Македонско-американската алумни асоцијација од разни области и професии

– промоција на почитување на работничките права како основ за професионално и објективно новинарство

– промоција на солидарноста во новинарската професија, синдикализмот и заедничко дејствување за подобрување на социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници, како и подобрување на условите за работа во медиумите.

Останати
објави

Сподели на...