Одржана обуката за обучувачи за безбедност на новинари

Датум

Повеќе од 15 новинари и медиумски работници учествуваа на обука за обучувачи организирана од ССНМ, насочена кон зајакнување на безбедноста и дигиталната отпорност во медиумската професија. Преку практични знаења и размена на искуства со домашни и меѓународни експерти, учесниците ги унапредија своите капацитети за справување со современите ризици при известување.

Повеќе од 15 новинари и медиумски работници изминатиот викенд на Попова Шапка учествуваа на обука за обучувачи за безбедност и дигитална безбедност на новинарите и медиумските работници организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

На обуката која беше организирани во рамките на проектот „Клучни предизвици: Подобрување на безбедноста на новинарите, работничките права и отпорноста на Западен Балкан“ учесниците имаа можност да се стекнат со знаења и новости поврзани со дигиталната безбедност на новинарите и медиумските работници на сесиите предводени од експертот за медиуми и обучувач Александар Манасиев.

На овие сесии беа опфатени теми како мапирање на најчестите безбедносни и дигитални ризици за новинарите, безбедно користење на мобилниот телефон и другите мобилни уреди, безбедна комуникација со извори, дигитален отпечаток и заштита на онлајн идентитетот на новинарите како и вештачка интелигенција и новите дигитални ризици за новинарите.

На обуката исто така свој придонес дадоа и претставници на МВР, Димче Гаштарски од секторот за комуникации и Елена Спасовска од одделот за компјутерски криминал при МВР кои имаа свои излагања во врска со безбедноста на новинарите при покривање настани од висок ризик и опасностите во онлајн сферата, како и за потребите и потенцијалите од меѓусебна соработка.

Свои излагања на крајот имаа и Марија Митевска, долгогодишен новинар и уредник и Мирко Трајановски, специјалист за комуникации кои ги пренесоа искуствата од посетата на тренинг за безбедност во Шведска и тоа за алатки за заштита во дигиталната средина и шведскиот пример за безбедност и заштита на новинари.

Обуката е дел од проектот „Клучни предизвици: Подобрување на безбедноста на новинарите, работничките права и отпорноста на Западен Балкан“, поддржан од Шведскиот институт, а спроведуван од Медиа Институтот ФОЈО (Шведска), заедно со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Центарот за истражувачко новинарство (БиХ), Независно здружение на новинари на Србија, Синдикатот на медиуми во Црна Гора и АМПЕК (Косово).

Останати
објави