Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на обука за „Безбедност и дигитална безбедност на новинарите и медиумските работници“.
Обуката за обучувачи ќе се одржи на 20 и 21 јуни 2026 во хотелот Арена на Попова Шапка, а право на учество имаат новинари и медиумски работници од целата земја без разлика на моментален ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кој работат.
Целта на обуката е новинарите и медиумските работници да стекнат теоретски и практични знаења за теми поврзани со безбедносните ризици при известување и при извршување на своите задачи, како и вештини за онлајн безбедност. Обуката е поделена на три сегмента и низ неа ќе настапат вкупно пет предавачи кои ќе опфатат повеќе теми поврзани со безбедност и дигитална безбедност.
Предавачи на обуката ќе бидат претставник на МВР, претставник на одделот компјутерски криминал во МВР, Мирко Трајановски, специјалист за комуникации, Марија Митевска, истражувачка новинарка и Александар Манасиев, регионален обучувач за мобилно новинарство и дигитални платформи.
Рокот за пријавување е 14 јуни 2026 година, а сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: contact@ssnm.org.mk
Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторот.
Обуката е дел од проектот „Клучни предизвици: Подобрување на безбедноста на новинарите, работничките права и отпорноста на Западен Балка“, спроведуван од Медиа Институтот ФОЈО од Шведска, заедно со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Центарот за истражувачко новинарство (БиХ), Независно здружение на новинари на Србија, Синдикатот на медиуми во Црна Гора и АМПЕК (Косово).


