Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во соработка со Балканската Истражувачка Регионална Репортерска Мрежа (БИРН Хаб) Ве повикува да се пријавите на бесплатниот тренинг „Новинарството во модерното време: што да се задржи, што да се промени“.
Кога?
Датум: 25-27.10.2024
Каде?
Работилницата ќе се одржи во Охрид. Трошоците за транспорт и сместување ги покрива ССНМ.
Кој може да се пријави?
Право на учество имаат колегите новинари и медиумски работници од македонските медиуми, дописници и локалните медиуми од Македонија без оглед на моменталниот ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кој работат.
Рок за пријавување: 19.10.2024
За да се пријавите, пишете ни мејл на ssnm.info@gmail.com и закачете ваша кратка биографија.
Обучувач:
Камил Бису е долгогодишна новинарка и уредничка во Агенцијата Франс Прес која има специјализирано агенциско новинарство. Моментално работи како шеф на бирото за Балканот во Белград, а претходно работела ако уредник во бироата во Мец, Париз и Никозија каде се стекнува со големо искуство за известување од странство преку мисии во Ирак, Тунис и др.
Знаења со кои ќе се стекнете:
- Вештачка интелигенција, социјални медиуми во новинарството
- Нови трендови во новинарството
- Важноста на известувањето од терен
- Како треба да изгледа модерна (идеална) редакција
За дополнителни прашања пишете на ssnm.info@gmail.com
Детална агенда на примените кандидати ќе им биде испратена по електронска пошта непосредно пред работилницата. Работниот јазик на работилницата ќе биде англискиот јазик.
This training is part of the EU-funded project “Strengthening Quality Journalism in Western Balkans and Türkiye II”.