Повик за учество на дводневна обука за „Разбивање на стереотипите: Моќта на родово балансираното известување“

Датум

Целта на обуката е новинарите и медиумските работници да стекнат теоретски и практични знаења за известување од теми поврзани со родово балансираното известување - надминување на родовите стереотипи и предрасуди, етичко известување, употреба на родово сензитивен јазик, известување за случаи на родовобазирано насилство и раскажување приказни низ родова призма.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на обука за известување од областа на родово балансирано известување со наслов „Разбивање на стереотипите: Моќта на родово балансираното известување“ од проектот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“.

Тренингот ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2024 година во хотелот „Градче“ во Кочани, а право на учество имаат новинари и медиумски работници од целата земја без разлика на моментален ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кои работат. Целта на обуката е новинарите и медиумските работници да стекнат теоретски и практични знаења за известување од теми поврзани со родово балансираното известување, пред сè во контекст на надминување на родовите стереотипи и предрасуди, етичко известување, употреба на родово сензитивен јазик, известување за случаи на родовобазирано насилство и раскажување приказни низ родова призма.

Предавачи на обуката ќе бидат Мирко Трајановски, новинар и специјалист за комуникации и Драгана Каровска Чемерска, програмска раководителка и специјалист за родови прашања.

Рокот за пријавување е 8 ноември 2024 година, а сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com. Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторот. За дополнителни информации во врска со обуката, ве молиме не двоумете се да нè контактирате на наведената е-пошта на ССНМ.

ССНМ обуката ја организира во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“ дел од проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансиски поддржан од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и партнерските организации, Иницијативата за европска перспектива – ИЕП, и Европската федерација на новинари – ЕФН.

Останати
објави

Сподели на...