Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Меѓународната федерација на новинари организираат обука за новинари/ки и медиумски работници/чки на тема: „Менување на приказната: Справување со медиумските родови стереотипи во политичкиот и јавниот живот“, дел од проектот „Менување на приказната: род, медиуми и политика“.
Трите главни цели на оваа програма за обука се:
- Подобрување на разбирањето на новинарите за родовите предрасуди во медиумското претставување на политичарките и жените во јавниот живот;
- Подигање на свеста за употребата на родовите стереотипи во нивните секојдневни професионални рутини;
- Обезбедување на соодветни алатки за елиминирање на родовите стереотипи во секоја фаза од процесот на производство на вести.
Тренингот ќе се одржи во сабота на 21 октомври 2023 година во Хотел Арка во Скопје, а право на учество имаат новинари/ки и медиумски работници/чки од целата земја без разлика на моментален ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кој работат.
Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на родовата еднаквост, а предавач на обуката е Жељка Вучиниќ.
Рокот за пријавување е до 19 октомври 2023 година, а сите заинтересирани треба да се пријават на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.
За дополнителни информации во врска со обуката, можете да нѐ контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.