Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на обука за новинари и медиумски работници на тема: „Процена на ризик и покривање на демонстрации“, во организација на Европската федерација на новинари и ССНМ во рамките на програмата „Итен одговор за слободни медиуми-фонд за обуки“.
Тренингот е предвиден за 30 септември и 1 октомври 2023 година во Хотел Градче во Кочани, а право на учество имаат новинари и медиумски работници од целата земја без разлика на моментален ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кој работат.
Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични знаења од областа на безбедност на новинарите во секојдневните обврски и во дадени ситуации во кои новинарите и медиумските работници се наоѓаат.
Предавач на обуката ќе биде експертот за безбедност на новинари и медиумски работници, Дејвид Беван. Беван повеќе од 30 години работи со видни медиумски организации („CNN“, „The Guardian“, „Al Jazeera“, „Deutsche Welle“) на полето управување со ризик и безбедност во опасни средини при известување. Беван обучил повеќе од 6.000 новинари и медиумски работници, а голем дел од нив потоа известувале од најразлични конфликти во светот.
Рокот за пријавување е до 25 септември 2023 година, а сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com
Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторoт.
За дополнителни информации во врска со тренингот, можете да нѐ контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.