Повик за учество на обука за новинари и медиумски работници на тема „Улогата на медиумите за време на еколошки кризи?“

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на обука за известување од областа на животната средина и климатските промени со наслов: „Улогата на медиумите за време на еколошки кризи?“.

Тренингот ќе се одржи на 16 и 17 март 2024 година во хотелот Централ во Виница, а право на учество имаат новинари и медиумски работници од целата земја без разлика на моментален ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кои работат.

Целта на обуката е новинарите и медиумските работници да се стекнат со теоретски и практични знаења за известување за еколошки кризи, за животната средина и климатските промени. Обуката вклучува начин на функционирање на дел од институциите во земјава кои по улога се занимаваат со кризни ситуации, но и изборот на теми, идентификување на ризиците и заканите, и концепт на еколошка безбедност.

Предавачи на обуката ќе бидат Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското еколошко друштво, Тони Милевски од Факултетот за безбедност, одбрана и мир, Александра Ристовски од Црвениот крст на Македонија и Александар Тарчуговски советник во Центарот за управување со кризи.

Рокот за пријавување е 11 март 2024 година, а сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com. Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторот.

За дополнителни информации во врска со обуката, можете да нѐ контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.

ССНМ оваа обука ја организира во соработка со Институтот РЕСИС, а во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, поддржан од Европската Унија и проектот „Обучување на медиумските работници во Македонија за покривање на климатските промени и теми од животната околина“, поддржан од JournalismFund.

Останати
објави

Сподели на...