Повик за учество на обуки за новинари и медиумски работници

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на две обуки за новинари и медиумски работници со наслов:

  • „Судбоносен триаголник: работникот, синдикатот и правата“
  • ,,Форми на раскажување во современото новинарство“

Обуките се организирани во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од ССНМ во партнерство со Институтот РЕСИС.

Обуките ќе се одржат на 1 и 2 јули 2023 година во Хотел Градче во Кочани, а право на учество имаат новинари и медиумски работници од целата земја без разлика на моментален ангажман, на возраст и на тип на медиум во кои работат.

Со првата обука „Судбоносен триаголник: работникот, синдикатот и правата“ на 1 јули, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со работничките права на новинарите и медиумските работници, како да ги заштитат и како да се изборат за подобри услови за работа. Со втората обука „Форми на раскажување во современото новинарство“ која ќе се одржи на 2 јули учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за користењето на новите технологии за раскажување новинарски приказни.

Предавачи на обуките ќе бидат Мите Кузевски и Горан Игиќ (Види Вака) и Здравко Савески (Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје).

Рокот за пријавување е до 27 јуни 2023 година

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com

Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторoт.

За дополнителни информации во врска со тренингот, можете да не контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com.

Обуката е организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, спроведуван од Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.

Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...