Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на две обуки за новинари и медиумски работници со наслов:
- ,,Форми на раскажување во современото новинарство“
- „Судбоносен триаголник: работникот, синдикатот и правата“
Обуките се организирани во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од ССНМ во партнерство со Институтот РЕСИС.
Обуките ќе се одржат на 10 и 11 јуни 2023 година во Хотел Скардус на Попова Шапка, а право на учество имаат новинари и медиумски работници од целата земја без разлика на моментален ангажман, на возраст и на тип на медиум во кои работат.
Со првата обука „Форми на раскажување во современото новинарство“ која ќе се одржи на 10 јуни учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за користењето на новите технологии за раскажување новинарски приказни, додека на втората обука на 11 јуни ќе имаат можност да се запознаат со работничките права на новинарите и медиумските работници, како да ги заштитат и како да се изборат за подобри услови за работа.
Предавачи на обуките ќе бидат Мите Кузевски и Горан Игиќ (Види Вака) и Здравко Савески (Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје).
Рокот за пријавување e до 6 јуни 2023 година.
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com
Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторoт.
За дополнителни информации во врска со тренингот, можете да не контактирате на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com
Обуката е организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, спроведуван од Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.
Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.