Првомајски протест на ССНМ: Мора да се најдат нови начини на борба за работничките права

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Научно-академскиот синдикат (НАКС), Синдикатот на македонската дипломатска служба и Синдикатот на култура одржаа протестен собир по повод Денот на трудот 1 мај од каде порачаа дека е потребно изнаоѓање нови начини на борба со цел подобрување на работничките права и услови за работа.

„Мислам дека треба да најдеме нови начини на борба, бидејќи ова досега не ни даде најдобри резултати. Се надевам дека нема да чекаме уште еден век за остварување на некои права и дека 1 Мај ќе биде она што треба да биде“, изјави в.д. претседателот на ССНМ, Звездан Георгиевски.

Тој потцрта дека голем дел новинарите и медиумските работници сеуште работат во тешки услови, со ниски плати и речиси без никакви работнички прав.а

„Никогаш не знаеш колку ќе те платат, никогаш не знаеш дали ќе те платат, а мораш да работиш. Се работи со договори на три месеци, шест месеци, што ја продолжува неизвесноста на професијата, односно ги дисциплинира новинарите, се работи во медиуми кои се навикнати на работа во клиентелизам, во нерегуларни услови и тука не можеме да очекуваме регуларно новинарство“, изјави Георгиевски.

Ставот на ССНМ е дека новинарите не може да бидат професионални и објективни како што налага нивната работа додека се соочуваат со неизвесна иднина.

„Неверојатно е дека како новинари се уште немаме колективен договор, дури државата оди дотаму што практично и немаме со кого да го потпишеме тој договор. Овој првомајски собир го сфаќам како симболичен начин уште еднаш да ја предупредиме јавноста или барем да станеме повидливи со нашите проблеми.

Претседателката на Синдикатот на култура Сања Арсовска ги излиста проблемите со кои се соочуваат работниците во културата, како и нивните барања до Владата: валоризација на стручните звања, донесување нов закон за култура и конечно по 14 години потпишување нов колективен договор

Според претседателката на Независниот академски синдикат, Мира Беќар, пак, најважно за нив е да профункционира Законот за високо образование кој би донесен со цел да се реетаблира академската заедница, да се врати автономијата на универзитетите, но предупреди дека во најголем дел е останато само на хартија и дека се продолжува со нетранспарентното работење, неформирањето на студентски тела, закочени статути и сл.

Останати
објави

Сподели на...