Раководството на ССНМ во Македонска радио-телевизија на обука за начинот на одбрана на работничките права

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на 25 септември 2024 година во Скопје одржа работилница во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“ на која учествуваа колегите од ЈП МРТ кои се дел од раководното тело на синдикалната организација.

За значењето, обврските и тежината на обврската што ја презеле, да бидат бранители на правата на работниците во медиумската индустрија, со акцент на ЈП МРТ низ призма на темата „Судбоносниот триаголник: работникот, синдикатот и правата“, излагање имаше професорот на Институтот за општествени и хуманистички науки Здравко Савевски. Тој се осврна на начините и акциите со кои може да се зачуваат и остварат правата заштитени со Законот за работните односи.

Во исто време на средбата се говореше и за тековните состојби во ЈП МРТ односно за доцнењето на платата од минатиот месец, за враќањето на коефициентите намалени пред две години и за лошата пресметка на зголемувањето на платата по основ израмнување заради инфлација и зголемувањето според Колективниот договор. Со констатација на присутните дека се направени грешки во пресметката на штета на вработените, договорено е раководството на синдикалната група на ССНМ во МРТ да преземе активности во насока на подобрување на состојбите.

Претставниците на синдикалната група на ССНМ при МРТ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе иницираат и изработка на посебен Закон за МРТ со кој би се регулирале статусот, обврските, но и правата на вработените во Јавниот радиодифузен сервис.

Обуката беше организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој го спроведуваат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во партнерство со Институтот РЕСИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...