Средба на ССНМ со новинари и медиумски работници од Гостивар

Датум

Поголема солидарност, вклучување во активностите и постојна комуникација со цел подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници од локалните медиуми, беа главните теми на кои претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници разговараа со медиумските професионалци од Гостивар.

На средбата одржана во среда (17 април 2024 година) ССНМ ги претстави своите активности пред десетина новинари и медиумски работници, а се дискутираше и за работничките права на новинарите и медиумските работници и нивната важност за независноста и објективноста на новинарските производи.

На средбата беа забележани сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници од Гостивар, кои пред сѐ се однесуваат на слабата економска одржливост на локалните медиуми. Истовремено беше истакната и важноста на овие медиуми за локалниот развој и за важноста граѓаните да бидат правилно и навремено информирани.

На средбата беа презентирани идеите и активностите за лобирање што ССНМ ги презема со цел олеснување и подобрување на условите за работа, како на новинарите од локалните медиуми, така и генерално. Исто така, беше договорена и поактивна комуникација во наредниот период со цел основање на мрежата на локални новинари и медиумски работници при синдикатот, земајќи ја предвид важноста на силното синдикално организирање со цел подобрување на условите за работа.

Оваа средба се одржа во рамките на проектот „Градење моќ за демократски права, слобода на медиумите и пристојна работа“ во партнерство со Union to Union и Меѓународната федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...