Редовното годишно собрание на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) за 2023 година се одржа вчера (19 јуни 2024 година) во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.
На собранието кое се одржа во хибридна форма (во живо и онлајн) присуствуваа повеќе членови и претставници на синдикални групи. Беа презентирани наративниот и финансискиот извештај за работата на ССНМ во 2023 година, а беше усвоен и записникот од претходното, изборно собрание одржано во декември 2022 година.
Присутните имаа можност директно уште еднаш да слушнат за спроведувањето на предвидените активности од страна на ССНМ, како и за плановите за развој и работа на организацијата во следниот период. За таа цел на крајот од Собранието беше усвоена и стратегијата на ССНМ за периодот 2025-2029 година.
Стратегијата на ССНМ има три главните цели се: јакнење на внатрешната организација и капацитет на ССНМ и консолидација на застапувачкиот статус за правата на новинарите и медиумските работници.
На собранието беше констатирано дека измените на статутот кои ги допрецизираат можностите за избор на Претседател, Извршен одбор и сите тела, како и за тоа кој може да стане член ќе придонесат кон поширок опсег на дејствување на ССНМ и поефикасна работа поврзана со регрутирање и анимирање на членство.