ССНМ и Македонското здружение на млади правници со договор за соработка

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска (четврток, 07.09.2023) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) потпишаа меморандум за соработка. Договорот претпоставува соработка околу давањето помош за членовите на ССНМ во областа на работничките права, соработка околу зајакнување на капацитетите на синдикатот, заеднички настапи во области од заеднички интерес, како и за унапредување на принципот на владеење на правото во делот на македонскиот медиумски простор.

МЗМП е невладина, непрофитна и професионална организација која ги обединува младите правници, врши нивна континуирана едукација и насочување, работи на заштита на човековите права, и обезбедува бесплатна правна помош.

Најважните активности кои произлегуваат од овој меморандум за соработка се:

-МЗМП и ССНМ ќе соработуваат и заедно ќе учествуваат во подготовка и имплементација на проектите кои имаат за цел заштита и остварување на правата од работен однос, унапредување на принципот на владеење на правото и јакнење на капацитетите за пристап до правда.

-МЗМП и ССНМ ќе соработуваат за организирање на правна едукација, помош и поддршка за членовите на ССНМ.

-МЗМП ќе обезбеди поддршка за ССНМ при пријавување на случаи на повреда на права до кои наишле членовите при вршење на своите работни задачи.

-МЗМП и ССНМ ќе воспостават соработка во рамките на своите проектни активности со цел зајакнување на капацитетите за застапување во областа на заштита на човековите слободи и права, како и во воспоставувањето на коалиции и неформални мрежи, се со цел подигнување на јавната свест. 

Останати
објави

Сподели на...