ССНМ на конференција во Загреб за „Одржливо локално новинарство“

Датум

Претставничката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Весна Коловска како членка на Извршниот одбор учествуваше на конференцијата „Одржливо локално новинарство“ која во Загреб ја организира Европската федерација на новинари.

Целта на оваа конференција е изнаоѓање одржливи модели за финансирање на локалното новинарство, размена на различни успешни искуства и вмрежување.

Од конференцијата ќе произлезат препораки за унапредување на состојбите со новинарството во локалните заедници. На конференцијата која се одржува во просториите на Хрватското здружение на новинари присутни се околу 50 новинари, медиумски работници и експерти од регионот и од Европската унија.

Останати
објави

Сподели на...