ССНМ на конференција за информирани отпорни општества во земјите од Југоисточна Европа

Датум

Претставници на ССНМ присуствуваа на конференцијата „Поттикнување на одржливоста на медиумите за информирани и отпорни општества“ на Организација за безбедност и соработка на Европа во Сараево, БиХ

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници се дел од регионалната конференција на Организација за безбедност и соработка на Европа во Сараево на која се разработува темата „Поттикнување на одржливоста на медиумите за информирани и отпорни општества“.

Низ серија на работилници и со обуки од врвни демонстратори во два дена се промовирани професионалното новинарство и борбата против дезинформации односно алатките што стојат на располагање во таа мисија. Како клучни елементи за слобода и интегритет на новинарите се потенцирани развојот на демократијата во регионот на Југоисточна Европа, но во продолжение и безбедноста, и почитување на сите стандарди од кампусот работнички права.

Сериозен дел на конференцијата заземаат и иновациите, и задолжително следење на технолошкиот напредок во сите медиумски сегменти.

Присуството и сѐ поголемата примена на вештачката интелигенција во медиумите, нејзините позитивни можности, како и иновативните методи со користењето на платформи за промоција и олеснета достапност на информациите стануваат круцијални во модерното новинарство, се вели во заклучокот на дел од панелите на кои особено се инсистира на промоција на поголем број на факт-чекери бидејќи проверка на информациите е клучна за земјите од регионот.

Дел од сесиите на конференцијата за медиуми во организација на ОБСЕ се осврнаа и на медиумската одржливост во овој период во кој социјалните мрежи се наметнуваат како доминантни трансмитери на пазарот на информации, а во заклучоците се вели дека медиумите ќе мора да се трансформираат и да ги следат трендовите за да опстојат и да ја извршуваат својата значајна обврска.

извори на слики

  • Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, говори на десеттата Конференција за медиуми во Југоисточна Европа (SEEMC), „Поттикнување на одржливоста на медиумите за информирани и отпорни општества“, Сараево, Босна и Херцеговина.: ОБСЕ | CC BY-ND 4.0 International

Останати
објави

Сподели на...