Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во делот на своите редовни обврски што предвидуваат да биде присутен на терен и да ги слушне своите членови, но и воопшто колегите од целиот медиумски простор, на 15 октомври 2024 година во Скопје одржа средба со новинарите и медиумските работници од Вториот канал на Македонската радио-телевизија.
Колегите од МРТ 2 ја искористија можноста да го информираат ССНМ зa потребата од средства за основната дејност (камери, екипи, возила) и поголем број на новинари, а сѐ со цел да се подобри содржината на програмата.
На средбата за која членовите на МРТ 2 покажаа интерес е договорено ССНМ да испрати барање до раководството на МРТ во кое ќе побара подобрување на состојбите.
Настанот беше организиран во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој го спроведуваат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во партнерство со Институтот РЕСИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.